1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Абас бара помош од Буш

26 мај 2005

Шефот на палестинските автономни области Махмуд Абас е во Вашингтон.Владата на Џорџ Буш од Абас очекува реформа на службите во автономните области и поцврст приод против палестинските екстремисти.Абас пак пред се бара политичка поддршка на патот кон автономна палестинска држава и материјална помош за автономните области.

https://p.dw.com/p/AcFG
Палестинскиот претседател Абас во разговор со американската министерка за надворешни работи Рајс
Палестинскиот претседател Абас во разговор со американската министерка за надворешни работи РајсФотографија: AP

Махмуд Абас се наоѓа под притисокот на успех.За разлика од неговиот претходник,Јасер Арафат,тој во Вашингтон е радо виден гостин,кого го примаат американскиот претседател Џорџ Буш,шефицата на дипломатијата Кондолиза Рајс и водечки политичари,како и досегашниот шеф на Светската банка Џејмс Волфенсон.Но,за декларираниот реформатор дома не важат фотографиите со нив,туку мерливи успеси.Досега владата на Буш им најави на Палестинците 250 милиони долари помош за обнова,но скептичните конгресмени се погрижија парите да стигнат до автономните власти по индиректни патишта.Едвард Абингтон,кој извршува лоби служба за палестинските власти во САД:

„Палестинската влада мора да докаже дека стои на курсот да плаќа на населението.Досега сета американска помош одеше на невладините организации или на организациите за развојна помош.“

Покрај дополнителната материјална поддршка,Палестинците се надеваат од посетата и на нови импулси за блискоисточниот мировен процес,од владата на Буш би сакале да дознаат како би се одвивале работите по планираното изралеско повлекување во август.Абингтон вели:

„Како американската влада би ја придвижила израелската страна на враќање на преговарачката маса?И како би го заживеале блискоисточниот мировен процес?Палестинците се загрижени дека ќе остане на планираното повлекување од појасот на Газа.“

Независно од приемот на Абас,и израелскиот премиер Ариел Шарон беше во кратка посета на Вашингтон.Пред една израелска организација за поддршка во Њујорк тој во вторникот изјави дека би соработувал заедно со Абас само ако тој може да ја гарантира безбедноста на Израел:

„Ние сме подготвени да му помогнеме на претседателот Абас колку што можеме се додека тој со тоа работи и во интерс на нашата сигурност.“

Абас во меѓувреме би можел да ја убеди американската влада дека разоружувањето на Хамас и на другите палестински екстремистички групи во сегашниот момент веројатно би водело кон крвави безредија.Американците очекуваат меѓутоа Абас и натаму да врши притисок врз екстремистите во својата земја.Освен тоа,треба да го поттикне и процесот на демократизација на својата власт.Американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс тоа го потенцираше неделава во Вашингтон:

„Америка и Израел еднаш се обидоа да дојдат до мир таму каде што нема демократија.Овој пат нема да го одиме уште еднаш.“

Дали Абас со својата посета на Вашингтон ќе се приближи кон својата цел-независна палестинска држава,ќе можат да просудат историчарите еден ден.