1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Абас ќе се сретне со Олмерт

21 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/Ayw7

Израелскиот премиер Ехуд Олмерт и палестинскиот претседател Махмуд Абас најверојатно ќе се сретнат на викендот за да разменат мислења по насилното преземање на власта од страна на радикалниот Хамас во појасот на Газа.Советник на Абас соопшти дека двајцата добиле покана од египетскиот претседател Хосни Мубарак да се сретнат во Шарм ел Шеих,иако Израел не ја потврди дефинитивно средбата.

Во појасот на Газа,кој е под контрола на Хамас,во меѓувреме драматично се влошува хуманитарната состојба,недостигаат пред се храна и лекови.

Израел дозволи влез на стотина палестински бегалци од појасот на Газа преку граничниот премин Ерез и ги пренесе во Египет.