1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Абдула Ѓул претседател на Турција

28 август 2007

Турскиот Парламент со 339 гласа за го избра Абдула Ѓул за нов претседател на државата.

https://p.dw.com/p/BYuy
Абдула Ѓул - новиот претседател на ТурцијаФотографија: picture-alliance/dpa

Турскиот парламент денеска го избра досегашниот министер за надворешни работи Абдула Ѓул за нов претседател на државата. 56 годишниот Ѓул, во третиот изборен круг освои 339 од 550 гласови и со тоа го освои неопходнотно мнозинство.

Абдула Ѓул е од редовите на владеачката исламско - конзервативна АК Партија, и сега официјално е наследник на Ахмед Неџет Сезер. Абдула Ѓул е првиот претседател на Турција кој доаѓа од религиозниот табор.

Ѓул во претходните два изборни круга не го освои неопходното дво - третинско мнозинство, а во третиот изборен круг му беше доволно просто мнзоинство од најмалку 276 гласови. Партијата АКП, кон која припаѓа и тој, во моменотв брои 340 места во турскиот Парламент.

Изминатава пролет, кандидатурата на Ѓул за претседател, предизвика бојкот кај опозицијата и државна криза.

Денеска во трката за претседателската функција учествуваа уште двајца кандидати: сепак Сабахатин Чакмакоглу од националистичката МХП и Хусеин Тајфун Ичли од централно левичарската партија ДСП имаа мали шанси и на гласањето освоија 70 односно 13 гласови.