1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Авганистанците стравуваат од најавата на Талибанците

5 март 2007

За две недели, на 21,03 Авганистан ќе ја слави својата Нова Година. Тоа значи и официјален старт на пролетта. Традиционално голем број луѓе во ова време патуваат на северот на Авганистан каде се одржува „Фестивалот на црвени лалиња“ – омилен во целата земја. Минатата година на историското место во Мазар и Шариф, каде најдобро успеваат црвените лалиња, се собраа околу милион луѓе. Но, годинава Талибанците за п

https://p.dw.com/p/Adsp
Војници во Кабул
Војници во КабулФотографија: AP

очетокот на пролетта најавија голема офанзива низ целата земја. Населението не е рамнодушно кон ваквите закани. Ратбил Шамел ги пренесува стравувањата на граѓаните.

Северот на Авганистан се смета за релативно мирна област. Борбите со Талибанците или други терористички групи се одвиваат на истокот и на југот. Луѓето на северот и покрај тешкотиите, се обидуваат да започнат нов живот. Пред се работат на обнова на довербата кон меѓународните сили и сопствената влада. Нурулија, фурнаџија во Мазар и Шариф не е уплашен од заканите на Талибанците.

„Талибанците само зборуваат за тоа. Но, нема да успеат да ја вовлечат целата земја во тероризам. Тие немаат ниту финансиски ниту воени капацитети за такво нешто“.

Слично мисли и Реза, продавач на стакла за прозорци во центарот на градот. И за него заканите од Талибанците се чиста пропаганда:

„Според мене она што го прават Талибанците се вика водење психолошка војна. Тие сакаат само да предизвикаат страв кај луѓето и ништо повеќе“.

Луѓето на северот не можат ниту да замислат враќање на власт на Талибанците. Сметаат дека времето на Мула Омар заврши засекогаш. Но, на само неколку стотина километри одалеченост, во Кабул, работите изгледаат сосема поинаку. Населението на главниот град долго време беа под власта на Талибанците, кои особено беа против градскиот стил на живеење. Жените во Кабул, кои шетаа непокриени, за Талибанците беа олицетворение на гревот. Мажите пак беа сметани за неверници бидејќи им дозволуваа на своите жени да бидат вработени и да работат заедно со мажи. Самоубиствените напади на Талибанците покажуваат дека тие не исчезнале целосно. Само во последниот напад пред седум дена, загинаа 14 лица. Заканите на Талибанците овде ги сфаќаат сериозно. Мухамед Рафих, ученик во дванаесето одделение е дете на војната и поради тоа повеќе не сака војни во неговата земја:

„Морам да признаам дека се плашам. Се надевам дека нема да се остварат заканите на Талибанците“.

Стравовите и надежите на Рафих ги делат многумина во Кабул. Но, не сакаат туку така да им се предадат на заканите. Абдул Касим, трговец во најбогатиот градски кварт Шар е нау, искажува подготвеност на борба:

„Секако дека луѓето овде имаат страв, но ние сме навикнати на војни, па ќе ја преживееме и оваа криза. Овој пат имаме и своја армија, а и меѓународни трупи се тука да не заштитат.“


Соседот на Касим сака да живее ослободен од страв од Талибанците: „Јас немам никаков страв од Талибанците, тие повеќе немаат моќ, тие се никој и ништо“.

Жителите на главниот град се чуствуваат релативно безбедни поради локалните и меѓународните безбедносни сили. Но, одејќи кон истокот или југот, загриженоста расте. Таму Талибанците се секојдневие. Речиси и да не поминува ден без воени или самоубиствени напади. Во подрачјето Хелманд, Талибанците официјално контролираат четири града, во кои речиси секој верува дека борбите ќе бидат се потешки. Освен тоа за нив американските и британските трупи се закана. Абдул Рауф, жител на Кандахар објаснува зошто:

„Ние во Кандахар очекуваме повеќе напади од Талибанците, а жителите во селата противнапади од американските и британските сили врз нивните села“.

Празникот со црвените лалиња за Абдула Рауф е далечен. Тој вели дека претстојната пролет во Авганистан може да биде црвена, но не од лалиња.