1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Авганистан: Кери и Карзаи со делумен договор

ЖА/дв/ртре/афп/ап13 октомври 2013

По долги преговори, САД и Авганистан ги договорија рамките на договор за безбедносна соработка. Со него во основа треба да биде регулирано присуството на американските трупи во Хиндукуш по 2014. година.

https://p.dw.com/p/19ymI
Фотографија: Reuters

Разговорите водени во петокот и вчера резултираа со „редица договори, посебно во модалитетите за ангажман на американскиот воен контингент“, изјави авганистанскиот претседател Хамид Карзаи на заедничката прес-конференција со американскиот министер за надворешни работи Џон Кери.

Неизвесно е дали американските војници ќе останат во Авганистан по 2014. година, иако синоќа Џон Кери и Хамид Карзаи постигнаа прелиминарен договор за билатерална соработка. Конечната одлука за договорот треба да ја донесат авганистанските племенски водачи пред договорот да биде доставен во Парламентот за ратификација. Прелиминатниот билатерален договор е постигнат по два дена преговори во Кабул меѓу Карзаи и Кери. Договорот предвидува „задржување на дел од американските сили по 2014. година, со клучно барање САД да ја задржи правната надлежност над војниците кои би останале во Авганистан со имунитет од авганистанските закони“. Кери притоа го одбегнува терминот „имунитет“. Но, на оваа тема не е постигната согласност.

„Синоќа постигнавме некој вид договор“, истакна синоќа Кери. Тој во петокот пристигна во ненадејна посета на Кабул. Поради тешкотиите во преговорите, неговиот престој беше продолжен, па беше откажана неговата посета на Париз, пред да продолжи за Лондон.

САД планираат по 2014. година во Авганистан да останат стационирани меѓу 5 и 10 илјади американски војници и да потпишат договор во врска со тоа до 31. октомври. Времето за постигнување согласност притиска, зашто до крајот на идната година сите 87 илјади во моментов присутни војници од НАТО треба да бидат повлечени од Авганистан, со што се заканува зголемување на насилството од страна на бунтовниците.

Во Ирак, по повлекувањето на воените трупи во 2011. година, пропадна планот за останување на дел од нив, поради спорот околу нивниот иден правен статус. Вашингтон меѓутоа исклучува ваква „нулта-опција“ во случајот со Авганистан.