1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Авганистан станува важен партнер на САД

ЕМФ/ард/дпа7 јули 2012

Американската министерка за надворешни работи Хилари Клинтон при ненајавената посета на Авганистан, на земјата и‘ даде статус на важен сојузник.

https://p.dw.com/p/15TF8
Фотографија: AP

„Ова е силен симбол на јасниот став околу авганистанската иднина“, изјави Хилари Клинтон во Авганистан, додавајќи: „Не размислуваме да го оставиме Авганистан сам“. Статусот сојузник ја олеснува соработката во сферата на одбраната по повлекувањето на американските сили во 2014 година, а важи и за израз на политичка поддршка за долгорочна стабилност на Авганистан.

Авганистан е прва држава која не е членка на НАТО, а е прогласена за „главен сојузник“ за време на мандатот на американскиот претседател Барак Обама. Во светот 15 држави имаат таков статус. Меѓу нив се важни американски сојузници, како Израел и Јапонија, но и нестабилни држави како Пакистан. Тој доби ваков статус за време на мандатот на Џорџ Буш, во време кога односите меѓу Вашингтон и Исламабад не беа напрегнати.

Американската министерка Хилари Клинтон и авганистанскиот претседател Хамид Карзаи утре треба да учествуваат на конференцијата за Авганистан, која се одржува во Токио. Според медиумски извештаи, на конференцијата се очекува да биде ветена помош за Авганистан од 15 милијарди долари до 2015 година.