1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Авганистан-убиени војници на НАТО

9 април 2007
https://p.dw.com/p/AgFj

Во бомбашки напади во Јужен Авганистан загинаа седум војници на НАТО,а тројца се ранети.Како што соопшти претставник на Алијансата во Кабул,шестмина канадски војници биле убиени кога покрај нивното возило експлодирала бомба во близина на Кандахар.Претходно беше објавено загинувањето на еден припадник на ИСАФ силите.Радикално исламистичките Талибанци вчера го погубиле преведувачот на италијанскиот новинар Даниел Мастрогиамо.Образложението е што владата не сакала да преговара за ослободување талибански борци во замена.Италијанскиот новинар беше ослободен пред две недели.