1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Авионите во Русија паднале зашто биле нападнати

28 август 2004

Падот на двата руски авиони е резултат на тероризам – признаваат и руските разузнавачи.

https://p.dw.com/p/AcLi
Секојдневие во Чеченија
Секојдневие во ЧеченијаФотографија: AP

Меѓу остатоците на авионот Тупољев – 154, кај Ростов, се пронајдени траги од експлозив хексоген, кој постојано е употребуван од страна на чеченските екстремисти. Москва соопшти дека во двата авиони седеле по една жена со чеченско име, чии роднини по падот на авионите не се пријавиле, се вели во Москва. Телото на едната жена укажува на експлозија на бомба. НАТО вчера го осуди падот на авионите како варварски и бесмислен акт на тероризмот.

Утре во Чеченија се одржуваат претседателски избори на кои се бира наследник на убиениот претседател, Ахмед Кадиров.

Советот на Европа побара од руската влада дијалог со Чеченија. Известувачот на Советот на Европа за Чеченија, Андреас Грос, за Дојче Веле изјави дека посилниот мора да го направи првиот чекор. Околу изборите во недела, Грос, со оценка:

”Секој знае дека предуслови за избори нема. Нема слобода на мислење, луѓето се плашат да го кажат своето мислење. Тие не можат да се собираат, да се движат слободно. Во Берлин, Париз или Берн, само да се каже дека изборите се фарса едноставно не помага. Мора да се види што може да се направи. Мора да се направи повеќе од тоа само да се оценува што се случува.”

Инаку, на вонредните претседателски избори во Чеченија се пријавени седуммина кандидати, од кои за главен се смета промосковскиот кандидат, досегашен министер за полиција, Алу Алханов. Чеченската изборна комисија соопшти дека е се подготвено за одржувањето на изборите и дека се формирани 430 избирачки места. Во избирачките списоци има 567 илјади луѓе, од кои 11 илјади војници. Изборите ќе ги набљудуваат околу 20 меѓународни претставници.