1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Авионска несреќа во Египет

3 јануари 2004
https://p.dw.com/p/AcQv
Авион на на египетската приватна авиокомпанија Флеш Ерлајнс, денеска се урна во водите на Црвеното море. Притоа загинаа сите 135 патници и шестмина членови на екипажот.

Авионот се урнал кусо по полетувањето од одморалиштетот Шарм Ел Шеик. Најголемиот дел до жртвите се Французи - 127. Причините за несреќата засега не се познати, а египетската државна новинска агенција, Мена, повикувајќи се на извори во надлежното министертсво јави дека најверојатно станува збор за несреќа. Авионот Боинг 737 се наоѓал на пат за Каиро, а од радарските системи исчезнал непосредно по стартот во 3 часот и 44 минути. Египетската телевизија јави дека остатоците од авионот се пронајдени на 15 километри од Шарм ел Шеик.

Возухопловните компании, а особено оние што летаат за САД, деновиве се соочени со зачестени предупредувања од терористички напади. Британската возухопловна компанија, Бритиш Ервејз, и натаму крати дел од своите летови. Откажан е денешниот лет од Лондон за главниот град на Саудиска Арабија, Ријад. Претходно беше анулиран еден лет за Вашингтон. Бритиш Ервјез во образложението укажува на предупредувања од американските власти. Британските и американските безбедносни експерти ја проценуваат опасноста од терористички напади како многу голема.

Државниот секретар за гранична безбедност и безбедност во сообраќајот во американското Министерство за заштита на татковината, Ејсеј Хачинсон, изјави:

"Постојано добиваме дополнителни разузнавачки информации на кои одговораме различно. Ако добиеме информација за некој објект, тогаш испраќаме луѓе за заштита на тој објект. Во авиосообраќајот се опфатени голем број лица, па мерките се повеќе познати во јавноста."