1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Авионска несреќа во Индија

22 мај 2010

Речиси 160 лица загинаа, кога патнички авион на „Ер Индија Експрес“ кој летал од Дубаи, утрово излетал од пистата на аеродромот Мангалор, во државата Карнатака во Индија, по што се запалил и се урнал во блиската шума.

https://p.dw.com/p/NUj5
Карта со местото каде се урна авионот

Индиската државна компанија „Ер Индија“, на која припаѓа „Ер Индија Експрес“, соопшти дека осум лица ја преживеале несреќата од вкупно 169 кои се наоѓале во авионот Боинг 737-800, вклучувајќи шестчлен екипаж.

Претходно индиската телевизија покажа кадри со најмалку тројца преживеани -на маж со тешки изгореници на болничка носилка, како и жена на носилка во бессознание. На други снимки било покажано дете, на кое му се укажува лекарска помош.

„Најмалку 160 луѓе загинаа во несреќата. Најмалку пет-шест лица се хоспитализирани. Нивната состојба не е позната“, изјави претходно В.С. Ачарија, министер за внатрешни работи на државата Карнатака, каде што се наоѓа аеродромот.

No Flash Flugzeugabsturz in Indien
Фотографија: AP

Причината за несреќата не е позната

Причината за несреќата не е позната. СиЕнЕН емитуваше информации дека во моментот на трагедијата во регионот владеело лошо време, поради дождот постоела намалена видливост, далеку од идеални услови за приземјување на авионот. Очевидци тврдат дека по слетувањето на пистата, авионот се лизнал од неа и го пробил заштитниот ѕид, по што запрел во дрвјата во близината. Тоа ја отежнува работата на спасувачите.

Индискиот премиер Манмохан Синг изрази сочувство на роднините на жртвите. Синг посочи дека семејствата на загинатите ќе добијат по 200.000 индиски рупии (4.500 долари).

Автор: ЖА/БГ/дпа.афп/миа

Редактор: Борис Георгиевски