1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Авионска несреќа во Москва

ЖА/ афп/дапд/ртре29 декември 2012

На московскиот аеродром „Внуково“ денеска авион излетал од пистата и се запалил. Во несреќата загинале две лица, а пет се тешко повредени. Според медиумите, во авионот имало 12 лица.

https://p.dw.com/p/17B8R
Фотографија: picture alliance / ZUMAPRESS

Патнички авион Ту-204 денеска (29.12.2012) излета од пистата на московскиот аеродром „Внуково“ и се запали при слетување. Во инцидентот има двајца загинати, како што соопштило руското министерство за внатрешни работи. Според руската новинска агенција Риа Новости, која се повикува на полициски извори, петмина се тешко повредени. Како што изјави портпарол на аеродромот, авионот при падот при слетувањето се поделил на три дела. Инаку, тој доаѓал од Чешка. Во него се наоѓале четворица членови на екипажот и осум патници.Се работи за авион од типот Ту-204 на авиокомпанијата Ред Вингс Ерлајнс, кој може да собере до 210 патници.

Телевизијата „Вести“ пак јави дека во авионот немало патници, но во него се наоѓале 12 членови на екипажот.

Причината за несреќата се‘ уште не е позната. Првично беше соопштено дека авионот настрадал при полетување, а подоцна дека штотуку слетувал. За време на несреќата во Москва врнел снег.