1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Авионска несреќа во Тајланд

16 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/BgRE

Најмалку 61 лице загина а 40 се сметаат за исчезнати во авионска несреќа на островот Пукет во Тајланд. Патничкиот авион на нискобуџетна домашна авиокомпанија при обидот за слетувањето излетал од пистата и завршил во пламен во блиската шума. 29 од вкупно 130 патници и членови на екипажот ја преживеале несреќата. Половина од патниците биле европски државјани. Сеуште не се познати причините за несреќата.