1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Авионска несреќа на филипинскиот министер за внатрешни работи

Александар Методијев/бета/афп19 август 2012

Спасувачите на Филипините се обидуваат да го најдат министерот за внатрешни работи Џеси Робредо и двајца пилоти, откако авионот во кој се наоѓале паднал в море, во обид за принудно слетување.

https://p.dw.com/p/15sdk
Фотографија: picture alliance / AP Photo

Авионот со четири седишта Пајпер полетал вчера од градот Цебу, каде министерот имал состанок со локалните функционери и по 30-ина минути лет кон градот Нага се расипал еден од двата мотори.

Филипинскиот пилот и неговиот помошник од Непал се обидувале да слетаат во провинцијата Масбате, но ја промашиле пистата за околу 500 метри, објасни министерот за сообраќај Мар Роксас.

Помошникот на министерот Робредо успеал да се спаси и сега помага во пребарувањето, информира филипинските власти.

Претседателот Бенињо Акино Трети заедно со министерот за одбрана и командантите од полицијата и војската пристигна во Масбате, на околу 380 километри од Манила, за да го надгледува пребарувањето на теренот.

АМ/бета