1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Авлаки го убила ЦИА

30 септември 2011

По контроверзните информации околу смртта на Анвар ал-Авлаки, еден од најбараните терористи на светот, САД официјално потврдија дека тој е убиен во напад на ЦИА со беспилотно летало.

https://p.dw.com/p/12jwy
Анвар ал-АвлакиФотографија: dapd

Анвар ал-Авлаки, Американец муслиман, кој важеше да еден од најбараните терористи во светот, ноќеска е убиен во напад на ЦИА со беспилотно летало, јавува агенцијата Ројтерс, повикувајќи се на американски официјални претставници.

Телевизијата Ал Арабија денеска ја објави информацијата дека Ал Авлаки е убиен во Јемен, притоа повикувајќи се на извори од министерството за одбрана во Санаа. Јеменскиот проповедник на омразата со американски пасош повеќепати повикуваше на убивање Американци. САД го ставија на црната листа, барајќи го жив или мртов. Тој регрутирал исламисти во Јемен за напади во странство. Тој имал контакт со напаѓачот во Форт Худ, кој на крајот на 2009 година во воената база во Тексас уби 13 лица. Според американските власти, Ал Авлаки бил поврзан и со Фарук Абдулмуталаб, лицето што на Божик 2009 година се обиде да активира експлозив во еден патнички авион над Детроит.

Автор: ЕМФ/ртр/дпа

Редактор: Б. Георгиевски