1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Аврамопулос: Македонија 20 години не мрда од своите позиции за името

ЖА/макфакс7 август 2012

Грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос смета дека неопходен предуслов за постигнување решение за името е политичка волја на засегнатите страни.

https://p.dw.com/p/15lDF
Фотографија: Reuters

Аврамопулос во интервју за грчкиот весник „Реал Њуз“, вели дека Грција „ја покажала својата подготвеност, додека скопската страна се држи за истите позиции 20 години“.

Gesundheitsminister Dimitris Avramopoulos von Griechenland
Фотографија: Botschaft Griechenland

Аврамопулос повтори дека Грција бара „веродостоен соговорник“ и оти тоа му било пренесено и на Метју Нимиц. Прашан за тоа што мисли во однос на тоа дека „се зборува оти Скопје ќе го покрене прашањето на Генералното собрание на ОН во септември“, Аврамопулос вели дека информациите за тоа што ќе се случува на ГС на ОН се обид да се заобиколи преговарачкиот процес.

„Ние цврсто остануваме посветени на преговарачкиот процес со надеж дека ќе видиме напредок затоа што тоа е единствен начин да ја ослободиме големата динамика во односите со нашиот сосед“, вели шефот на грчката дипломатија, Аврамопулос, во интервјуто.