1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Австрија се надева на брзо решение за името

8 јули 2011

Австрија сака да ја види Македонија како забрзано се приближува кон ЕУ, а Грција убедува дека е подготвена за договор, на кој се работело. Шефовите на дипломатии на Австрија и Грција разговарале и за Македонија.

https://p.dw.com/p/11res
Австрискиот министер за надворешни работи Михаел ШпинделегерФотографија: picture alliance/dpa

„Австрија верува дека Македонија треба со брзи чекори да се приближи до ЕУ. Затоа, Австрија се надева и на брзо решение за името“, забележува за Дојче веле портпаролот на министерството за надворешни работи во Виена, Александар Шаленберг. На вчерашната средба на грчкиот министер за надврешни работи, Ставрос Ламбринидис со неговиот австриски колега, Михаил Шпинделегер, неколку минути се зборувало и за македонско-грчкиот спор. Грчкиот министер информирал за подготвеност да се дојде до договор и дека се работи на постигнување решение за спорот.

Griechenland neuer Außenminister Stavros Lambrinidis
Шефот на грчката дипломатија Ставрос ЛамбринидисФотографија: AP

На прес – конференцијата по состанокот, Шпинделегер потсети дека Австрија и Грција заеднички бараат од ЕУ да се постави временска рамка за прием на земјите од Западен Балкан во Унијата. Ламбринидис додаде дека приемот на земјите од регионот е суштински за мирот и стабилноста на Балканот и Европа. „Ние ќе дадеме се што е во наша моќ да не запре процесот на проширување“, убедуваше Ламбринидис.

Автор: Александар Методијев

Редактор: Симе Недевски