1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Автобуска несреќа во Белгија

20 декември 2003
https://p.dw.com/p/AcRE
Автобуска несреќа на белгиско француската граница со 12 загинати и 36-мина повредени, претежно Германци. Градоначалникот на белгиската општина Хенсис изјави дека жртвите се претежно млади луѓе. Автобусот на фирмата Полстер Рајзен, вчера попладне од Минхен се упатил кон Париз. Причините за несреќата засега не се познати. Градоначалникот на Хенсис, Ерик Тибо, изјави дека се смета оти возачот изгубил контрола врз автобусот. Белгиското радио јави дека полицијата не исклучува возачот да заспал над воланот. Тој исто така е меѓу загинатите во несреќата. Вториот возач е повреден и се наоѓа во болница. Тој допрва треба да биде сослушан од страна на полицијата. Автобусот, изутринава околу пет часот, излетал од автопатот Брисел-Париз и удрил директно во бетонски столб, 60 километри југоисточно од Брисел. Возилото веднаш се запалило. Според Тибо, меѓу загинатите има и еден Американец, а белгиските медиуми јавуваат дека меѓу мртвите се и еден Босанец, еден Турчин и еден Хрват. Министерството за надворешни работи во Берлин соопшти дека сеуште нема подетални информации за несреќата, а германскиот амбасадор во Белгија е на пат до местото на настанот. Фирмата на која и' припаѓа автобусот, Полстер Рајзен, има возен парк од 15 автиобуси, а сити лајнерот од марката Неоплан, кој денеска се запали првпат е регистриран во март минатата година.