1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

221209 Autoindustrie

27 декември 2009

2009 година беше во знак на кризата, а во автомобилската индустрија таа допрва ќе се почувствува-по бумот со т.н. еколошка премија за расходување на автомобили постари од 9 години, во 2010 се заканува драстичен пад.

https://p.dw.com/p/LDrz
Фотографија: AP

Во 2009 година во Германија се регистрирани 3,8 милиони нови автомобили, или 25 проценти повеќе отколку лани. Голема улога притоа одигра еколошката премија, а од неа особено профитираа увозниците на автомобили од странство кои уделот на овдешниот пазар го кренаа од околу 33 на 40,5 проценти.

„Добитници се оние, кои се многу застапени во сегментите на најмали, мали и на автомобили од долна средна категорија, а тоа традиционално се производителите од странство. Но, во апсолутни бројки добитник е ’Фолксваген‘, со далеку најголем број продадени возила, а од германските производители благодет почувствуваа и ’Форд‘ и ’Опел‘. Се’ на се’, сите можеме да бидеме задоволни“, вели Фолкер Ланге, претседател на Здружението на меѓународните производители на автомобили.

Opel Meriva
Фотографија: AP

Позитивни последици

Еколошката премија имаше и други позитивни последици, укажува Ланге.

„Таа многу придонесе и за заштитата на климата. Со новорегистрираните автомобили просечното испуштање на издувни гасови опадна за 10 грама јаглероден диоксид по километар. Зголемена е и безбедноста во сообраќајот: за десет проценти е намален бројот на жртвите во сообраќајните несреќи, оти новите автомобили се и побезбедни“.

Тренд кај купувачите е набавка на помали автомобили и тие сегменти и без еколошката премија добро ќе одат и во иднина, проценува Фолкер Ланге.

Исклучителна година

Во секој случај, сите производители на автомобили се согласни дека за догледно време 2009 година ќе остане како исклучителна. Нареднава ќе биде многу потешка.

„Мислам дека ќе стигнеме до 2,8 милиони новорегистрирани автомобили. Мораме повторно да се приспособиме кон нормална ситуација на пазарот, која според мене значи максимално три милиони продадени автомобили годишно“.

Автор: Шолтес/ Зоран Јордановски

Редактор: Жана Ацеска