1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

050809 Prozess Politkowskaja

6 август 2009

Обвинети за убиството на руската новинарка Ана Политковскаја се три лица, кои беа ослободени во февруари годинава. На крајот на јуни, Врховниот суд ги укина ослободителните пресуди и нареди нов процес.

https://p.dw.com/p/J4UZ
Се‘ е исто, само поротниците и судијата се променетиФотографија: picture-alliance/ dpa

Сега значи се` почнува од почеток. Истите обвинети, истата судска сала, истите малубројни докази. Променети се само судијата и поротниците. Ослободување на обвинетите, кои одговараат за помош при убиство, овојпат речиси сигурно нема да има, во тоа се единствени адвокатите и набљудувачите на процесот. Притисокот да се најде виновникот во овој политички случај е преголем.

Врховниот суд во Москва нареди нов судски процес, што според адвокатот на семејството Политковскаја е апсурдно. Уште на почетокот на судењето, адвокатот Москаленко и останатите адвокати на семејството Политковскаја побараа од судиите да му го врати случајот назад на обвинителството: „Суштинското е тоа што и новиот процес нема да даде одговор на прашањето - кој издал налог за ова злосторство? Кој го иницирал, организирал и платил за убиството?“

Не се очекува брза пресуда

Buchmesse in Edinburgh - Anna Politkowskaja
Ана Политковскаја беше познат критичар на рускиот режимФотографија: picture-alliance / dpa

Главниот осомничен Рустам Махмудов се` уште не важи за формално обвинет. Според претпоставките, тој исчезнал во странство. Страната на Политковскаја побара истрагата против него да се вклучи во процесот.

Адвокатот на обвинетите Мусајев вели дека нема сомневање оти неговите клиенти треба да бидат осудени по секоја цена. Тој стравува дека ќе се врши огромен притисок врз поротниците, за на крајот да се постигне посакуваното: „Сметаме дека целта на обвинителството и на истрагата е формално да го затворат случајот. Не се грижат за тоа да се расветли злосторството и да го истражат случајот објективно.“ За објективна обработка на случајот е потребна политичка волја, вели поранешниот колега на Политковскаја, главниот уредник на весникот „Новаја Газета“, Муратов. Апсолутно е глупаво е да се води процес без нови докази.

Во секој случај, овојпат не се очекува брза пресуда. Се смета дека процесот ќе трае неколку месеци.

Автор: Штефан Лаак / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Александра Трајковска