Аеродромот во Најроби во пламен
7 август 2013Реклама
На меѓународниот аеродром Џомо Канијата во Најроби денеска избувна пожар и тој ќе биде затворен до следна наредба на властите. Ќе бидат дозволени само вонредни слетувања, јавија локални медиуми. Пожарот избувнал во одделот за полетување и потоа ги зафатил одделот за меѓународни слетувања. Очевидци велат дека пожарот е огромен и дел од објектот на аеродромот е уништен. Пожарот е видлив од неколку километри растојание, јавија западни медиуми. Се‘уштенема никакви информации за евентуални жртви и за обемот на материјалната штета. Во меѓувреме, министерството за внатрешни работи преку Твитер јавува за напредок на напорите за гаснење на пожарот.