1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Академик Никола Кљусев погребан

Александар Чомовски 18 јануари 2008

Во Алејата на великаните на гробиштата Бутел во Скопје погребан е академик Никола Кљусев. Првиот премиер на независна Македонија почина на 80 годишна возраст.

https://p.dw.com/p/CuL5
Македонија се прости од Никола КљусевФотографија: Macedonian Information Agency
Почивај во мир, по бунрите твои денови - цитат од еден граѓанин во книгата на жалост. Почесни стражи покрај одарот на 80 годишниот прв премиер на независна Македонија. Покрај неговиот ковчег поминаа народ, амбасадори, држано - владиниот врв. Академикот Никола Кљусев пред 17 години ја потпиша токму во парламентот премиерската заклетва врз стариот Устав, но токму неговата влада го изготви новиот Устав на Р. Македонија. Академик Никола Кљусев ја раководеше првата експертска влада на независна Македонија во 1991/92 година и ги втемели државните институции, ја воведе националната валута - денарот. Пред погребот се оддржа комеморација и во МАНУ, чиј член академик Кљусев беше речиси две децении. Никола Кљусев останува во националната меморија како хроничар, научник, поет политичар.