1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Акерман предупредува од распад на еврозоната

5 февруари 2012

Првиот човек на Дојче банк во заминување, Јозеф Акерман, на Безбедносната конференција во Минхен предупреди - судбината на Европа е во игра, а важна улога игра Грција.

https://p.dw.com/p/13xOg
Јозеф Акерман загрижен за иднината на еврозонатаФотографија: AP

Високи по ранг политичари и банкари денеска (05.02.2012) на Безбедносната конференција во Минхен разговараа за последиците на должничката криза врз меѓународната безбедност. Јозеф Акерман, кој планира да патува во Атина, предупреди дека проблемот со Грција мора да биде решен. Банкротот на Грција би ја отворил „Пандорината кутија“. Како шеф на Меѓународниот сојуз на банките Акерман ги застапува приватните доверители во преговорите со грчката влада. Од нив се бара отпис на долговите од 70 проценти.

Можно е будење на духовите од минатото

Италијанскиот премиер Марио Монти пак, повика на потесна соработка во справувањето со должничката криза во Европа.

München Sicherheitskonferenz 2012 Tagungsraum
Фотографија: dapd

„Она што најмалку ни‘ е потребно сега, е повторното будење на духовите од минатото“, изјави Монти. За еврозоната, според него, не треба само да се најде решение, туку тоа мора да биде и хармонично. Должничката криза ги враќа со себе и старите недоразбирања и предрасуди. Тоа е екстремно опасно, долгорочно гледано, можеби и поопасно од самата криза. Меѓутоа, Монти изрази и увереност во скоро наоѓање решение на должничката криза.

Штајнбрик предупреди од колапс на монетраниот систем

Германскиот политичар и поранешен министер за финансии, Пер Штајнбрик, стравува од сеопфатна ерозија или дури „колапс“ на европскиот монетарен систем. Тесно поврзана со тоа би била сигурно несаканата „политичка рационализација“. Кај многу луѓе денес владее впечаток за губење на мерката и средината на вредносниот систем. Добивките се приватизираат, загубите се социјализираат. Кај граѓаните оспанува впечаток - тие се само плаќачи на данок, додека финансиската индустрија и политката работат за своја сметка. На овој начин „системот на слободен пазар може да падне под зголемен притисок“. Запирањето на ваквиот тренд ќе чини скапо, дури и за Германија, предупреди Штајнбрик.

Не помага само штедење и реформи

Претседателот на Светската банка Роберт Зелик во дискусијата потенцираше - не се во прашање само буџетската дисциплина и структурните реформи:

„Тоа е многу тешко без развој“, рече тој.

USA Deutschland Wirtschaft Präsident der Weltbank Robert Zoellick
Роберт Зелик не верува само во штедењеФотографија: dapd

Ваквиот став го дели и инвеститорот Џорџ Сорос, кој од таа причина на ЕУ и‘ предлага нова опширна конјуктурна програма за надминување на актуелната финансиска и економска криза.

„Откочувањето на економскиот развој мора да произлезе од Европа, а националните програми не се доволни“, смета Сорос. Тој предлага здружување на силите заради започнување големи европски инфраструктурни проекти. Тоа ќе се исплати:

„Мораме да им покажеме на луѓето светлина на крајот на тунелот“, советува Сорос.

Автор: ЖА/ЕМФ/дапд

Редактор: Е. М. Фиданоска