1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Албанскиот претседател во посета на Македонија

29 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/BxYh

Денеска во посета на Македонија претстојува албанскиот претседател Бамир Топи . Тој на средбата со својот колега домаќин Бранко Црвенковски што се одржува во вилата Билјана во Охрид разговара за билатералната соработка , состојбата во регионот, евроинтегративните процеси и очекувањата на двете земји да добијат покана за членство во НАТО наредната година . Инаку денеска во центарот за обука Пепелиште се одржува воена вежба на специјалните единици на македонската , албанската и хрватската армија. Вежбата е дел на практичните форми на обука и заедничка соработка во рамките на јадранската повелба.