1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Албанците прифаќаат име што го отсликува мултиетнизмот“

ЖА/миа25 јануари 2013

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во Виена изјавил дека Албанците во Македонија се заинтересирани што побрзо да се постигне компромис во спорот за името, со цел деблокада на интегративните процеси.

https://p.dw.com/p/17RbW
Фотографија: DW

Македонија треба да остане на патот на евроатлантските интеграции и не се прифатливи какви било промени на границите во регионот, истакнал лидерот на ДУИ Али Ахмети на средбата во Виена со претседателот на парламентарната група на австриската Народна партија, Карлхајнц Копф.

Али Ахмети на средбата во Виена нагласил дека членството на Македонија во ЕУ останува приоритет на македонската влада.

Според него, Албанците во Македонија се заинтересирани што побрзо да се постигне компромис во спорот за името, со цел деблокада на интегративните процеси.

„За Албанците во Македонија е прифатливо секое име што го одразува мултиетничкиот карактер на државата“, изјавил Ахмети, без да посочи конкретен пример.

Во рамки на разговорите за состојбите во регионот, Копф рекол дека е неприфатливо менувањето на границите на Косово затоа што промената на границите би предизвикало домино ефект за другите држави во регионот.