1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Алексов за предизборието во Македонија

Александар Чомовски 21 мај 2008

Дарко Алексов, извршен директор на граѓанската асоцијација Мост, во интервју на Дојче Веле зборува за текот на предизборниот процес во Македонија.

https://p.dw.com/p/E3iz
Изборен локал во МакедонијаФотографија: picture-alliance

Во тек е изборната кампања, која почна со насилства меѓу конкурентите во албанскиот табор, како го оценувте ова?

Загревањето на страстите годинава дојде малку порано во однос на официјалниот почеток на предизборието. Однесувањето на политичките елити во целиот период од конституирањето на новиот парламент и владата во 2006 година па се до денеска во голема мера допринесе, тие тензии, значи во самиот кампус да се зголемат, да се продлабочат.

Зошто надлежните органи до сега не откријат еден или двајца од насилниците на пример и зошто Државната изборна комисија, како орган надлежен за спроведувањето на изборите се однесува инфериорно?

Државната изборна комисија имаше чиста позиција да го санкционира прво предвременото почнување на кампањата. Апсолутно е неприфатливо Министерството за внатрешни работи да не излезе со конкретни показатели и со конкретни имиња за тоа кој е сторител на тие инциденти, најмногу поради фактот дека ваквиот почеток на изборната кампања повлекува еден друг синдром, а тоа е доверба односно недоверба во изборниот процес и доверба односно недоверба во резултатите коишто ќе бидат табелирани на крајот од изборниот ден. Тие инциденти во голема мера влијаат на излегувањето на гласачите на изборниот ден. Однесувањето на политичките партии и ваквиот неодговорен почеток на изборната кампања во голема мера го нарушува кредибилитетот и квалитетот на комплетниот изборен процес.

Има помалку една апсурдна ситуација, пред неколку месеци шефот на државата Бранко Црвенковски помилува сторители кои беа кривично казнети за насилништвото завреме на изборите во 2006 година во прилепско. Дали мислите дека тоа ги охрабрува насилниците, дека слушајќи ги своите шефови ја предизвикуваат тензичната атмосфера?

Тоа што е индикативно во целата оваа приказна не е само помилувањето на оние сторители коишто добиле казна затвор заради прекршување на одредбите од кривичниот законик коишто го регулираат изборниот процес. Тука имаме една многу подлабока криза, а таа криза се однесува на непишани правила, а тоа се етиката и моралот на политичките лидери односно на политичките елити коишто се учесници во оваа изборна трка. Самиот податок дека на листите, значи не само на една партија, туку на повеќе партии имаме луѓе и тоа на високи позиции на кандидатските листи коишто се помилувани на база на обвинение коешто подоцна резултирало со затворска казна. Тие луѓе се повторно ставени на листа да бидат гласани од народот е комплетно недозволиво, не поради тоа што тоа е законски забрането, туку поради тоа што политичката култура и демократската свсет на политичките елити индицира дека е на многу пониско ниво од тоа што го очекува меѓународната заедница од Македонија.

Мост беше меѓу од првите организации во системот на набљудувањето што јавно проговори дека предвреме започна изборната кампања и притоа владејачката елита тоа го искористи на начин на самопромоција користејќи ги и своите настапи преку медиумските проомоции.

Тоа што најмлаку требаше да се случи во тој период е да се адресираат прекршителите со прекршочна постапка и да се повикаат на одредбите од изборниот законик коишто регулираат од 200 до 300 илјади денари казнена одредба, за оној којшто ќе ја прекрши или предвреме ќе ја започне кампањата. Што може да очекуваме од целиот овој концепт. Генерално бевме бомбардирани не само од страна на политичките партии, учесници во овој процес, туку бевме бомбардирани и од кампањи коишто беа спроведувани од страна на владата на Република Македонија.

Оваа влада функционира како техничка влада. Меѓутоа има една аспурдна ситуација со промоција на економските и политичките платформи, дали е тоа допуштено?

Апсолутно е недозволиво овие луѓе да бидат вклучени во кампањата, а тоа што ќе се случува после 16 часот е сосема легитимно од нивна страна и може да се сфати како политичка кампања, но никој нема да има ништо против доколку овие луѓе ги стават во мирување своите функции, или да го земат својот годишен одмор редовен и го искористат за овие цели. На крајот на денот министрите и членовите на владата на Република Македонија не смеат да се вклучени во кампањата на своите политички партии во текот на работниот ден. Тоа што го имаме како дојава, а се однесува на злоупотреба на државни средства, до сега немаме забележано злоупотреба на ресурси на владата на Република Македонија освен во неколку случаи на протоколот на премиерот.

Господине Алексов дали мислите дека е можна манипулација со појавата во која се менуваат локациите на стандардните избирачки места?

Манипулацијата со менување на локациите на стандардните избирачки места според нашите проценки е некаде околу осум или девет посто од вкупниот број избирачки места. Ова можеби и не е чудно споредбено со останатите изборни процеси, претходните. Но, тоа што е обврска на Државната изборна комисија е во исто време да ги извести гласачите на тие избирачки места, дека адресите на тие места на гласање на денот на избори за конкретната група на луѓе коишто треба да гласа таму е променета.

Во сите соседи земји на Македонија се органзираа фер и демократски избори. Само албанскиот синдром во Македонија на нерегуларност е специфика на оваа држава или Македонија нема способност да организира контролирани, фер и со правни инструменти спроведени избори?

Освен условите или атмосферата што е створена во предизборието апсолутно не гледам причина да не го повториме тоа што беше во 2006 година. Тоа што треба да го правиме е перманентно подобрување на изборниот процес, значи ако ние се вратиме на 2006 и кажеме е исто вака треба да бидат изборите, мораме да запаметиме дека во 2006 година имаше голема забелешка на семејното гласање. Гледајќи што можеме да очекуваме за изборниот ден во Република Македонија после ваков почеток на кампања, јас сепак би го задржал своето мислење до крајот на изборниот ден.

Веќе нема партиски членови во избирачките одбори. Тоа се е препуштено на јавната администрција иако набљудувачи ќе има од учесниците во изборната трка. Дали Мост ќе го набљудува и контролира и пребројувањето на гласовите каде што е секогаш по правило возможна манипулација од широк спектар на средства?

Мониторинг значи во текот на изборниот ден, на отворање на избирачкото место, гласање во текот на изборниот ден, затворање на гласачкото место, пребројување на гласовите, и повторно наши набљудувачи го надгледуваат приемот на избирачкиот материјал, процесуирањето на резултати до Државната изборна комисија каде повторно имаме наши набљудувачи коишто гледаат соодветност на оние резултати коишто се влезени во општинската односно државата изборна комисија, а излезени од избирачките места. Во 2006 немаше апсолутно ниту еден обид за манипулација по тоа прашање. Не присуството на партиските членови може само да влијае на квалитативно подобрување на спроведување на целокупниот процес. Тоа што исто така треба да се знае дека изборниот законик дозволува, партискиот овластен набљудувач да внесе забелешки во записникот, што на пример не е случај со непартиските домашни набљудувачи.

Како човек што има искуство со изборите дали е возможно Македонија да организира фер и демократски избори што е сега девети критериум од ЕУ?

Граѓанската асоцијација Мост беше активно вклучена во подобрување на условите и атмосферата за спроведување фер и демократски избори. Ако ние тука во Мост не веруваме дека вакво нешто е возможно, во тој случај немаше да се случи ова интервју.