1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Алијансата жали поради смртта на недолжни цивили

23 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/AzeA

НАТО изрази жалење поради смртта на 25 цивили при воздушен напад на силите на Алијансата во Авганистан. Генералниот секретар на НАТО Јаап Де Хооп Шефер најави спроведување истрага за инцидентот. Тој истовремено ги обвини талибанските бунтовници во Авганистан дека ги злоупотребуваат цивилите како жив штит . Нападот што беше изведен во провинцијата Хелбанд имаше за цел позиции на Талибанците и притоа покрај цивилите биле убиени уште 20 бунтовници.