1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Алтернативни горива

4 август 2006

Производителите на шекер во моментов се радуваат на зголемената побарувачка. Од една страна причина за тоа е што расте населението во светот и потрошувачката пер капита, а од друга што шекерот на пазарот не се појавува само како прехранбен артикл. Од шекерната трска и од шекерната репка се добива етанол, а тој може да служи како замена за бензинот.

https://p.dw.com/p/AeLD
Дали наскоро биоетанол рафинириите ќе ги заменат класичните?
Дали наскоро биоетанол рафинириите ќе ги заменат класичните?Фотографија: dpa

Земји како Бразил или Соединетите Американски Држави го прават тоа подолго време. Големите германски концерни имаат намера засилено да се вклучат во тој пазар:

Резервоарот е полн, портоменто празно. Сите возачи дневно страдаат од високите цени на бензинот. Во моментов во Германија е редовна појава за полнење на резервоарот на автомобил од средна класа да се платат 50 до 60 евра. Зашто повеќето мотори и натаму голтаат бензин или дизел, а обата се скапи.

Откако цената на нафтата постојано се врти околу границата од 70 долари за барел, се повеќе фирми во Германија се подготвуваат за влез во експериментот етанол. Во овој пазар се повеќе инвестира „Сидцукер„ АГ, европски лидер кој во своите постројки годишно произведува 260 илајди кубни метри биоетанол. Се чини дека тоа е доволно, но според мислењето на директорот за маркетинг Луц Гудеријан, во споредба со САД или Бразил ова количество е мало:

„Бразил на пример: таму бензинот содржи околу 20 до 25 проценти етанол, меѓутоа бразилските возачи можат етанолот да го користат и во чиста форма. Во многу сојузни држави во САД бензинот содржи околу 10 проценти етанол. Во Европа овие мешавини се многу помали.Употребата на био-горива е лимитирано со постојните норми. На пример горивото може да се меша со био-етанол со количество од само 5 проценти. Посакуваме ова да се прошири, но за тоа е потребна согласност и од автомобилската и нафетната индустрија„.

До 2010 година, според еден заклучок на Европската унија, во горивата треба да има до 5,75 насто растителни суровини. Што се однесува до производителите на автомбили тие веќе нудат модели кои без порблем користат различни горива. Меѓиутоа, недостигаат пумпи што ќе нудат био-бензин или био-дизел. И тука е исплатливо да се види што се прави преку „барата„: Бразилците веќе се години во резервораите ставаат шекер. Повеќе од 70 насто од ново-продадените автомобили, меѓу нив и Фолксваген, се опремени со таканаречени мотори флексибилни за горива. Возат и на бензин, потоа мешавина од етанол и бензин или чист етанол. Бразил многу бргу реагираше на нафтената криза од 70-сеттите години, вели Гудеријан:

„Во Бразил стартуваше многу широка програма. Таканаречената „про-алкохол„ програма, поддржана од државата, водеше кон зголемување на соодветни био-горива или био-етанол програмата. Слични размислувања се случија, посебно на почетокот на 90-сеттите години во САД. Ние во Европа тоа го преспавме едноствано затоа што цената на нафтата повторно падна. Во меѓувреме тоа се смени. Она што се случува сега е ренесанса на размислувњата од 70-сеттите години„.

Ова не сака да го пропушти концернот од Манхајм. „Сидцукер„ во моментов гради биоетанол постројки во Австрија, а во Франција и Унгарија ќе се прошири производството. Се планира рафинерија и во Белгија. Сепак, најголемите производни постројки се наоѓаат во источно-германскиот Цајц.

Фирмата во наредните години ќе инвестира околу 500 милиони евра во ова ново поле на развој.