1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ал Каеда планирала нешто „крупно“ против Американците

ЖА/дпа/ртре6 август 2013

Привремено затворање на американските амбасади во повеќе исламски земји е резултат на снимен разговор меѓу шефот на Ал Каеда, Ал Завахири и регионалниот раководител во Јемен, јавуваат медиумите во САД.

https://p.dw.com/p/19KId
Фотографија: picture-alliance/dpa

 САД донеле одлука за времено затворање на амбасадите на Блискиот Исток и на северот на Африка, откако пресретнале порака на лидерот на Ал Kаеда, Ајман ал Завахири, во која тој наредил на припадниците на оваа терористичка мрежа да извршат напад во Јемен, објави „Њујорк тајмс“. Според весникот, кој се повикува на американски претставници, пресретната е комуникација меѓу Завахири, кој го наследи Бин Ладен на чело на Ал Каеда и лидерот на јеменскиот огранок на организацијата, Насер ал Вухаиши. Весникот додава дека на барање на безбедносните власти на САД, првично не е објавен идентитетот на лидерот на Ал Каеда чии разговори се откриени. Планирано било нешто „крупно“, известува ТВ СиБиЕс.

Американскиот Стејт департмент одлучи вчера да го продолжи траењето на мерката за затворање на своите дипломатски претставништва на Блискиот Исток до 10 август, поради информации дека би можел да уследи терористички напад на Ал каеда. Поради опасност од напади, амбасадите во Јемен ги затворија и Франција, Германија и Велика Британија.