1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Амадо во посета на Скопје

6 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BDIP

Актуелниот претседавач со ЕУ, португалскиот министер за надворешни работи Луис Амадо денеска се очекува во еднодневна посета на Македонија. Главни теми на разговорите во Скопје се предизвиците за Унијата во овие шест месеци од португалското претседателство, како и перспективите на Македонија за приближување кон ЕУ. Амадо со политичкиот врв во земјата ќе зборува и за отворените прашања во регионот и билатералните односи меѓу Македонија и Португалија.