1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Амазон“ ги казнува оние кои го враќаат купеното

Каролина Махаус/Б. Георгиевски5 август 2013

Во интернет трговијата често се случува нешто што е купено - да се врати назад. Германците особено се меѓу рекордерите во тој „спорт“. Но, порталот „Амазон“ започна да ги исклучува таквите муштерии

https://p.dw.com/p/19JxQ
Фотографија: picture alliance/dpa

Интернет сферата веќе врие од коментари и обвинувања кон „Амазон“ поради праксата да се блокираат сметките на корисниците кои често ја враќаат назад нарачаната стока. „Амазо“н се‘ уште официјално не се огласил по обвинувањата.

Интернет трговијата за трговците има големи предности: нема кирии за дуќани, продавачи, чистачи, честопати нема ниту стока која се продава, туку таа се нарачува дури откако ќе се најде купувач. Тоа значи дека производите се многу поевтини од било која продавница.

Но, постојат и големи проблеми: некои производи, гардеробата на пример, може да се продава единствено доколку на купувачите им се гарантира дека ќе можат бесплатно да ја вратат. Потрошувачите во Германија и во целата ЕУ дополнително ги штитат и бројните правила и закони кои налагаат купеното да може да се врати, но проблемот е што тоа Германците го прават пречесто.

Според една студија на Универзитетот во Регенсбург, дури четири од 10 муштерии веќе при нарачката смета на тоа дека ќе го врати купеното. Тоа потоа им создава големи проблеми на порталите.

„Сепак, правото на враќање е неизоставен дел од работењето преку интернет“, вели Кристин Шмит, портпарол на Здружението на германски трговци. Некои портали, како „Цаландо“ кој продава само гардероба и обувкиу, дури и го рекламираат правото на бесплатно враќање на купеното, па дури и им нудат на купувачите да нарачаат колку сакаат, а се‘ што не им се допаѓа да вратат. Но, тоа има своја цена, објаснува портпаролката на порталот, Кристин Долгнер.
„Начелно не говориме дека тоа враќање за нас е проблем, туку дека тоа е составен дел од нашата пресметка“.

Исклучок или правило?

Но, што е проблемот кај „Амазон“? Портпаролката на германскиот „Амазон“, Кристине Хегер тврди дека се работи за исклучоци.

„Затворање на сметките на корисниците преземаме само во екстремни случаи и по детална проверка“. Но, на конкретното прашање кога некој муштерија пречесто го враќа купеното, во „Амазон“ не сакаат да одговорат.

Deutschland Wirtschaft Versandhandel Amazon Logistikzentrum in Pforzheim
Логистички центар на Амазон во ГерманијаФотографија: picture-alliance/dpa

Во правна смисла, тука нема никаков проблем. „Продавачот може да одбере со кого сака да си има работа“, вели Томас Брадлер од Здружението за заштита на потрошувачи.

Во тоа „Амазон“ не е единствен, и други интернет-трговци блокираат сметки на потрошувачи доколку оценат дека пречесто ја враќаат стоката, но најчесто тоа не го прават веднаш. Зошто Амазон ги исклучува целосно своите корисници од мрежата, на тоа не може да одговори ниту Кристин Шмит од од Здружението на трговците.

„Таквата мерка е драстичен чекор бидејќи со него муштеријата се спречува воопшто било кога повторно да купува на таа платформа. Дали на тој начин се штити електронската трговија, тоа е големо прашање“, вели Шмит.