1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Амбициозен план на Бан Ки Мун

Buttler,Martina8 јануари 2008

Борбата против сиромаштијата, развојната политика, како и политката кон климата, во оваа година треба да бидат тежиштата на активностите на Обединетите нации

https://p.dw.com/p/ClkH
Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун не сака големи зборови, туку дејствувањеФотографија: AP

Ова го најави генералниот секретар на светската организација Бан Ки Мун, на првата прес-конференција во 2008.

2008 година требада биде година на долната милијарда, на најсиромашната милијарда луѓе во светот. Ова го побара генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун. Од тие причини развојот треба да биде доминантна тема за светската организација, најави нејзиниот прв човек:

„Во септември ќе одржиме средба на највисоко ниво за време на генералното собрание. Тогаш одново треба да се засилат обврските на светот за милениумските развојни цели. Посебно внимание треба да им биде посветено на најсиромашните меѓу сиромашните„. Пример треба да биде самитот за климата во септември минатата година на кој беа дадени јасни сигнали. Се виде амбицијата во врска со промената на климата што треба да биде искористена за вистинска битка против глобалното затоплување, како и потребата од нов договор што ќе го наследи Кјото-протоколот: „Натамошниот пат по Бали нема да биде лесен. Две години не се многу за да се дојде до договор што ќе го поддржат сите. Моја цел е да се задржи сегашниот елан„. Бан Ки Мун посебна згриженост искажа во врска со ситуацијата во африканските држави како Судан, Кенија или Чад. Тој побара преговорите за Дарфур колку што е можно побргу да донесат резултат за да се стави крај на кризата. Меѓутоа, не соопшти никакви конкретни чекори. На тој начин Бан Ки Мун по првата година на функцијата остана верен на својот стил да не троши големи зборови, ниту многу да ги фали Обединетите нации: „Јас не зборувам лесно за успесите. Меѓутоа, во минатата година ги поставив основите за натамошно дејствување во врска со различни теми„. Тој очекува барањата до Обединетите нации и натаму да бидат големи. Немирите во Кенија и насилството во Шри Ланка уште на почетокот на гоидната го поставија основиот тон за 2008.