Американска рација во Багдад
21 октомври 2007Реклама
Американските војници денеска влегоа во шиитскиот кварт Садр Сити во Багдад. Во рацијата, поддржувана од хеликоптери, дошло до престрелки во кои, како што се јавува, загинале десет лица, а повеќе од 40 се ранети. Се трагало по осомничени лица одговорни за грабнувањето американски војници меѓу минатата и оваа година. Претходно беше јавено дека американските војници северно од Багдад откриле големо депо со оружје: повеќе од 18 тони експлозив и 35 ракети.