1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Американски војник осуден на 110 години затвор

5 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BQ9G

Американски војник е осуден на 110 години затвор од страна на воен суд во Америка поради силување и убиство на 14 годишна Ирачанка. Во март мината година во Махмудија јужно од Багдад војниците навлегле во куќата на едно ирачко семејство, каде ги убиле родителите и сестрата пред да ја силуваат и убијат 14 годишната Ирачанка. Уште двајца други војници, се осудени на доживотна казна затвор, тие претходно ја признаа вината. Уште едно лице е осудено на 27 години затвор поради помош и прикривање на доказите за овој случај.