1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Американците си одат од Сирија

12 јануари 2012

Првпат од почетокот на народниот бунт во Сирија пред десет месеци, во земјата е убиен странски новинар. САД продолжија да го повлекуваат персоналот од амбасадата во Дамаск.

https://p.dw.com/p/13hzf
Аматерска видео снимка од вооруженото насилство во ХомсФотографија: dapd

Искусниот француски воен репортер Жил Жакие и осуммина Сиријци загинаа од граната во градот Хомс, упориштето на протестите против режимот на претседателот Башар ал-Асад.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Кетрин Ештон побара брза истрага за смртта на францускиот новинар, убиен во артилериски напад во Хомс

Gilles Jacquier
Убиениот француски новинар Жил ЖакиеФотографија: dapd

Уште еден член на набљудувачката мисија на Арапската лига размислува во меѓувреме да го прекине ангажманот, зашто не е во улога на заштита на населението. Поради тензичната ситуација во Сирија, САД продолжија да го повлекуваат дипломатскиот персонал од амбасадата во Дамаск, барајќи што е можно побргу луѓето да ја напуштат државата. Во октомври лани, Вашингтон одлучи семејствата на вработените во амбасадата да ја напуштат државата и го намали бројот на персоналот.

Автор: ЖА/СН/дв

Редактор: Е.М.Фиданоска