1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Америка поблиску до идеалот за потполна еднаквост

Кристина Бергман6 ноември 2008

Промената, кон која се стремеше Барак Обама, се случи и Америка слави. Вистинската работа допрва предстои.

https://p.dw.com/p/FoO1
Барак Обама: човекот кој ги победи расните предрасуди на Америка!?Фотографија: AP

Барак Обама на јуриш ја освои земјата, постигна победи и во сојузни држави во кои досега Републиканците имаа предност – Флорида, Вирџинија, Охајо, Њу Мексико и Невада. Пораката на избирачите е недвосмислена: тие сакаат промена, доста им е од Џорџ Буш и неговата политика, која предизвика поделби во земјата во изминатите осум години. Таа желба за нов почеток ги обедини црните и белите, мажите и жените, младите и старите. Таа го овозможи она, во што многумина се сомневаа – дека во решавачки момент бојата на кожата навистина веќе не мора да игра улога во земјата, во која расната омраза е втисната во колективното сеќавање и во која црнците се’ уште се запоставени. На 4-ти ноември 2008-ма САД го направија решавачкиот чекор за доближување до својот идеал за еднаквост на сите.

USA Präsidentschaftswahlen Barack Obama als Präsident gewählt Rede in Chicago
Ќе знае ли да ја мотивира целата нација, како што ги мотивираше своите соработници?Фотографија: AP

Обама има голема заслуга за историскиот ден

Во текот на долгата и тешка предизборната борба, досегашниот сенатор од Илиноис се покажа како стабилен и веродостоен. Тој не направи тукуречи ниедна грешка и им остана верен на своите идеали. Тој исто така покажа дека искуството може да има многу лица. Противниците на Обама се потсмеваа на неговата дејност како социјален работник. Притоа не согледаа каква очигледна поука тој извлече од неа: кој им дава цел на луѓето и ги повикува да си ја земат судбината во свои раце, веќе изминал половина од патот. Во својот победнички говор Обама со право укажа на тоа, дека без неуморната работа на милиони доброволци не би бил можен овој историски момент. Тие одеа од врата до врата, пишуваа писма и цртаа плакати, го инвестираа своето време и креативност, за што им искажа респект и признание.

Но, само со изборот на Барак Обама за претседател не е се’ сторено, не се решени проблемите со кои се борат САД. Тие се премногу тешки и повеќеслојни. И тоа им ги нагласи Барак Обама на Американците во говорот во Чикаго. Тој е зависен од нивната подршка, оти фактичката работа дури сега вистински започнува.