1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Америка ќе губи на значење во светот

12 септември 2008

Анализа на американските тајни служби констатира: наскоро борбата против тероризмот ќе изгуби на значење, а американската влада ќе се најде пред сосема други предизвици. Ова го објавува весникот „Вашингтон пост“

https://p.dw.com/p/FGxJ
Американската воена надмоќ нема да биде пресудна?Фотографија: AP

Барак Обама веќе знае, Џон Меккејн ќе биде запознат деновиве, пишува „Вашингтон пост“. Двајцата претседателски кандидати сакаат да знаат што ја очекува според предвидувањата Америка до 2025 година. Весникот цитира песимистичка анализа на тајните служби, која всушност е наменета за идниот претседател. Таа треба да ги прикаже трендовите и да помогне за донесување одлуки, пред се‘ во надворешната и безбедносната политика.

Кина и Индија -земји во подем

Основниот заклучок: влијанието и моќта на САД ќе бидат се‘ помали, во светот ќе јакне политичкото значење на нациите како Кина и Индија. Она што ја издвојува сега Америка од останатиот свет, апсолутната воена надмоќ, ќе станува се‘ поирелевантно, зашто нема да се водат класични конвенционални војни, во кои Америка би ја покажала својата сила. Репортерот на Вашингтон Пост, Волтер Пинкас, го прочитал извештајот:

„Во иднината тајните служби како закана не го гледаат теророт, кој не‘ плаши денес. Она што ќе се случува во исламскиот свет, останува важно. Но, ќе се работи се‘ повеќе за различни групи во одделни држави, кои се обидуваат да влијаат врз тамошните влади.“

Нови приоритети

Пинкас пренесува, според тајните служби, вистинските предизвици во следните децении ќе бидат во областите кои за владата на Џорџ Буш немаат никаков приоритет. На пример, негативните ефекти од глобализацијата:

„Се очекува богатите земји да станат уште побогати, а сиромашните уште посиромашни. Големо значење ќе добијат и проблемите како глобалноот затоплување на земјата.“

Сушите ќе предизвикаат мали до средни преселби на народите, ќе има се‘ поголем недостиг од суровини и од вода, што може да води до меѓународни кризи. Меѓународните организации, како ОН или Светската банка ќе имаат исто така се‘ помало влијание. Тајните служби немаат никкави сознанија кои институции би ги замениле, само препорачуваат: идните американски влади треба да ја прифатат новата намалена улога на Америка и да најдат избалансирана надворешна политика.

Дали американските претседатели ќе ги следат овие совети од тајните служби? Волтер Пинкас:

„Секогаш постои надеж тие да бидат сфатени сериозно, но некогаш тоа функционира, некогаш не.“