1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Амнести интернешенал за полициската акција во Македонија

10 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/CA30

Меѓународната организација за човекови права Амнести интернешенал побара детална истрага за полициската операција во близината на Тетово, во која беа убиени шест лица. „Со оглед на политичките тензии во парламентот меѓу етничките албански и македонските партии, меѓу другото и поради имплементацијата на Охридскиот договор, настаните од 7. ноември можат да доведат до ситуација во која постои ризик за кршење на човековите права„ – се вели во писмената изјава на директорот на Амнести за Европа, Никола Дакворт. Во неа уште се вели дека македонските власти имале обврска да ги уапсат криминалните бегалци и да го заштитат населението, но тоа треба да биде сторено без прекумерна употреба на сила и без доведување во опасност на животот на цивилното население.