1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Амнести критикува

23 мај 2007
https://p.dw.com/p/AnwE

Борбата против тероризмот, според сознанијата на Амнести интернешнал во многу земји е се поголема закана за кршење на човековите права и слободи. Во најновиот годишен извештај регистрирани се прекршувања во над 150 земји. Организацијата оценува и дека ситуацијата во Африка е драматична. Се констатира и големо кршење на човековите права во Кина, Виетнам, Саудиска Арабија, Ирак и Турција. Македонија е критикувана за случајот Ел Масри, а во извештајот се најдоа и инцидентите и меѓусебните напади меѓу двете најголеми албански партии во земјата, ДУИ и ДПА.