1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Анан бара укинување на блокадата на Либан

30 август 2006

Генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан ги повика Хезболах и израелската влада да се придржуваат кон примирјето во Либан. По средбата со израелскиот премиер Ехуд Олмерт, Анан изјави дека Хезболах безусловно мора да ги ослободи грабнатите израелски војници, а од израелската влада побара да ја укине поморската и воздушната блокада на Либан.

https://p.dw.com/p/Ac3f
Анан и Олмерт пред средбата во Ерусалим
Анан и Олмерт пред средбата во ЕрусалимФотографија: AP

Анан и Олмерт денеска се сретнаа во приватната резиденција на израелскиот премиер на разговори за актуелната состојба во регионот. Генералниот секретар притоа вети дека ќе направи се што е можно за да се ослободат грабнатите израелски војници. Тој го потврди барањето за укинување на израелската блокада на Либан:

„Сакам да повторам дека уште еднаш го покренав прашањето за укинување на блокадата и за важноста на тој чин за либанската влада и народот на таа земја. Прашањето за разоружување исто така е многу јасно. Според резолуциите на Обединетите нации сите милиции во Либан мораат да се разоружаат„.

Од своја страна, Олмерт по средбата изјави дека се надева на колку што е можно побрзи директни контакти со либанската влада што би овозможиле договор меѓу двете змеји. „Меѓу нас, не постои конфликт„ изјави Олмерт и дополни:

„Едно од прашањата е безусловното ослободување на грабнатите израелски војници. Се додека тоа не се случи, резолуцијата 1701 не може во целост да биде исполнета„.

Што се однесува до пристигнувањето на сините шлемови, Анан во Ерусалим изјави:

„Јас сум во преговори со владите за колку што е можно побргу да се зголеми бројот од сегашните 2 ипол на 5 илјади војници во рамките на мисијата УНИФИЛ. Се надевам дека ќе продолжи израелското повлекување за тоа да се совпадне со пристигнувањето на сините шлемови„.

Анан, својата блискоисточна турнеја ја продолжува со планираната средба со палестинскиот претседател Махмуд Абас, а потоа ќе патува во Јордан и Сирија.