1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Анан во посредничка мисија во Сирија

10 март 2012

Специјалниот пратеник на ОН за Сирија Кофи Анан се сретна со сирискиот претседател Асад. Во Каиро за конфликтот во Сирија заседаваат министрите за надворешни работи на Арапската лига.

https://p.dw.com/p/14Iik
Фотографија: Reuters

Тема на средбата на специјалниот пратеник на ОН за Сирија Кофи Анан со сирискиот претседател Башар ал-Асад во Дамаск било запирањето на кровопролевањето во земјата. Сириската телевизија извести дека на средбата владеела позитивна атмосфера. Анан во текот на денов (10.03) ќе разговара и со претставници на опозицијата. Останува најважното барање на ОН-итно запирање на борбите, беше истакнато пред пристигнувањето на Анан во Дамаск од неговиот тим. Но, барањето на Анан за дијалог меѓу сириската влада и опозицијата кај противниците на режимот наидува на неразбирање и остра критика.

Според опозициските активисти, во Сирија продолжува насилното пресметување на власта со политичките противници и покрај меѓународните повици за прекин на огнот. Само во северната провинција Идлиб, во нападот на владините трупи врз дезертерите од сириската армија вчера загинале 12 луѓе. Водачот на бунтовниците, полковникот Риад ал-Асад за Ал Џазира изјави дека на дезертерите во Идлиб им успеало да соборат армиски хеликоптер.

Syrien-Sonderbeauftragter Kofi Annan Generalsekretär der arabischen Liga Nabil Elaraby
Кофи Анан и генералниот секретар на Арапската лига, Набил ЕларабиФотографија: dapd

Од почетокот на бунтот против режимот на Асад пред една година, во Сирија, според проценките на ОН, биле убиени повеќе од 7500 луѓе.

Ал Тани: Во Сирија треба да бидат испратени арапски и меѓународни сили

Време е во Сирија да бидат испратени арапски и меѓународни сили, изјави денеска катарскиот министер за надворешни работи, шеикот Хамад бен Џасем ал-Тани на состанокот на Арапската лига во Каиро.

„Време е да се реализира предлогот за испраќање арапски и меѓународни сили во Сирија. Кога му се обративме на Советот за безбедност на ОН не добивме резолуција поради руско-кинеското вето, кое му испрати лош сигнал на сирискиот режим. Трпението на светот и нашето трпение се веќе потрошени“, истакна Ал Тани на средбата на министрите за надворешни работи на државите од Арапската лига во Каиро.

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров нагласи на средбата пред арапските колеги дека Москва е подготвена да соработува со секој, кој настојува за реформи во Сирија.

„Москва се придржува кон принципот за немешање во внатрешните работи на државите. Не може да се обвинува само една од страните во сириската криза“, додаде Лавров, повикувајќи за испраќање хуманитарна помош.

Автор: ЖА/ ЕМФ/дпа/ртре

Редактор: Е. Милошевска Фиданоска