1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Анан: Грција не е подготвена на компромис за името

БГ/миа19 октомври 2012

Поранешниот генерален секретар на ОН во настап на Институтот Брукингс се осврна и на спорот за името меѓу Македонија и Грција, оценувајќи дека е срамота што тој се одолговлекува толку долго.

https://p.dw.com/p/16SzF
Фотографија: dapd

Поранешниот генерален секретар на Обединетите нации Кофи Анан вчера во Вашингтон изјави дека спорот за името меѓу Македонија и Грција е единствен таков пример во историјата на една држава да и’ се негира името од страна на нејзин сосед и оти Атина не била подготвена да се реши ова прашање.

„Срамота е што ова прашање се одолговлекува толку долго“, изјави Анан, одговорајќи на новинарско прашањеза време на неговиот настап во институтот Брукингс во Вашингтон. Според Анан, кој беше генерален секретар на ОН од 1997 до 2006 година, Македонија и Грција биле блиску до решавање на спорот во неговиот мандат и Македонија била подготвена на решение, но Грција не сакала да прифати.

„Двете земји разговараа за спорот веќе извесно време. Специјалниот пратеник работи на ова прашање. Тој е пратеник со најдолг стаж. Двете земји во еден момент беа пред решение, но тој предлог пропадна. Се чини дека Македонија е подготвена да прифати компромис кој ќе го содржи зборот Македонија во него, но не сум сигурен дека Грција е подготвена на тоа. Разговорите продолжуваат и во регионот има други приоритети и предизвици. Не можам да кажам дали тоа ќе помогне во решавањето на проблемот или ќе го искомплицира, бидејќи не сум толку блиску до овој спор сега. Но, мислам дека е срамота што ова прашање се одолговлекуватолку долго и се надевам дека ќе се најде излез, изјави Анан.

Актуелниот генерален секретар Бан Ки-мун, кој во јули ја посети Македонија, најави засилен личен ангажман за решавање на спорот, и лично интервенираше кај грчкиот премиер Андонис Самарас да прифати разговори за спорот.