1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Анан оди во Сирија и Јордан со полупразен куфер

31 август 2006

Генералниот секретар на ОН, Кофи Анан, во рамки на турнејата по Блискиот исток денеска ќе води разговори со раководствата на Јордан и Сирија. На средбата на Црвеното море, Анан и јорданскиот крал Абдула ќе ги разгледаат можностите за оживување на разговорите меѓу Израел и Палестинците. Потоа, Анан лета за Сирија, каде со раководството во Дамаск ќе разговара околу состојбата во Либан и спроведувањето на рез

https://p.dw.com/p/Adxp
Кофи Анан
Кофи АнанФотографија: AP

�луцијата на ОН.

Пред години, кога меѓу Израел и Сирија владееја делумно добри односи, се велеше – клучот за мир на Блискиот исток лежи во Дамаск. Кога Кофи Анан ќе пристигне во сириската престолнина нема да се дебатира за мировниот процес. Ќе му биде доволно од сирискиот претседател, Башар ел Асад да добие уверување дека во иднина веќе нема да се дозволи транспорт на ружје за Хезболах преку границата кон Либан. Сирија, покрај Иран, важи за главен поддржувач на исламистичките борци.

Генералниот секретар на ОН и Асад се барем во едно единствени – дека на гранциата од либанска страна не треба да се стационираат војници на ОН. Сирија е стриктно против и се заканува дека на Либан ќе му го затвори единствениот излез од земјата. На оваа граница, според резолуцијата на ОН, би можеле да се стационираат трупи на ОН само ако Бејрут тоа го побара. Но, Бејрут има намера да употреби сопствена армија против шверцот со оружје, што многу го лути израелскиот премиер, Ехуд Олмерт, кој инсистира на сини шлемови.

Кофи Анан имаше прилика тоа и да го слушне вчера во Ерусалим. Затоа Израел ќе ги исполни најважните барања дури тогаш кога според негово мислење ќе бидат исполнети сите предуслови од примирјето. Дотогаш, останува воздушната и поморската блокада. Анан, значи нема многу работи во куферот кои ќе ги донесе во Сирија и со кои ќе ја натера на активна соработка за спроведуавње на резолуцијата 1701. Поголема отвроеност за соработка, меѓутоа, може да очекува во Јордан. Пред да замине за Сирија, од јроданскиот крал Абдула ќе добие охрабрување за повторно заживување на разговорите за мир меѓу Израел и Палестинците. Со палестинскиот претседател Махмуд Абас, Кофи Анан разговараше вчера, по што на заедничката прес конференција изјави: “Страдањето на палестинскиот народ не смее да се заборави во време кога правиме напори за мир во Либан. Во Рамала дојдов не само да дадам симболичен знак, туку посетата е супстанцијална. Претседателот Абас и јас сосема сме согласни дека клуч за решавање на проблемите во овој проблематичен регион е крај на окупацијата и создавање палестинска држава, која ќе егзистира покрај Израел.“