1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Анан се повлекува од функцијата специјален пратеник за Сирија

АТ/ ард/ афп2 август 2012

Специјалниот пратеник на ОН и Арапската лига за Сирија, Кофи Анан поднесе оставка. Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун денеска во Њујорк ја обајви оваа одлука, изразувајќи „длабоко жалење“.

https://p.dw.com/p/15ihb
Фотографија: Reuters

Кофи Анан се повлекува од функцијата специјален пратеник за Сирија. Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун изрази големо жалење поради одлуката на Анан, неговиот мандат да не биде продолжен по 31 август.

Бан Ки Мун и генералниот секретар на Арапската Лига Набил Елараби сега бараат наследник на Анан. Рускиот амбасадор во ОН Витали Чуркин исто така изрази жалење поради оставката на Анан.

Уште на почетокот на јули поранешниот генерален секретар на ОН Анан призна дека пропаднале досегашните обиди на меѓународната заедница да му се стави крај на насилството во Сирија. „Јасно може да се препознае дека немавме успех“, изјави Анан во интервју за францускиот весник „Ле Монд“. „Очигледно не успеавме“, подвлече Анан.

Планот во шест точки за Сирија беше донесен во април и предвидуваше положување на оружјето меѓу безбедносните сили на земјата и опозицијата, но досега не донесе примирје.

Кофи Анан на 23 февруари годинава беше назначен за специјален пратеник од страна на ОН и Арапската лига, со цел да посредува во сирискиот конфликт.