1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Анан шокиран од нападот врз мисијата на ОН во Либан

26 јули 2006

Кофи Анан смета дека станува збор за намерен напад врз базата на ОН во која настрадаа четворица припадници на мисијата на светската органзиација.

https://p.dw.com/p/AdzU
Кофи Анан
Кофи АнанФотографија: AP

Станува збор за државјани на Кина, Австрија, Канада и Финска. Кофи Анан предупреди дека воздушните напади на јасно означениот и одамна утврден дел на ОН во Кијам се случил и покрај фактот што од израелскиот премиер Ехуд Олмерт добил уверување дека позициите на ОН ќе бидат поштедени. Официјален Пекинг најостро го осуди нападот и повика на итно извинување и прекин на огнот. Израелскиот амбасадор во ОН Ден Гилерман изрази жалење заради инцидентот и демантираше дека Израел намерно стрелал врз позициите на ОН.

Инаку и во текот на ноќта продолжија воздушните напади врз јужниот дел на Бејрут. Израелската армија соопшти дека го ликвидирала Абу Џафар еден од водечките команданти на Хезболах во централниот сектор на границата со Израел.

Лидерот на Хезболах Хасан Насралах изајви дека радикалното движење нема да прифати никакви понижувачки услови за примирје и најави нова фаза во судирите со изарелската армија во која ќе следуваат ракетни напади во срцето на Израел. Во ноќешните напади на Хезболах загинал еден израелец а 20 се повредени

Агенциите утринава јавуваат и за седум загинати палестинци, меѓу кои и едно три годишнно дете во напад на израелската армија во појасот на Газа. Во акцијата се повредени 30 лица.