1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ангажман на Бундесверот во Турција?

ЖА/дв/афп/дапд/дпа17 ноември 2012

Сирискиот конфликт се шири, според весникот „Зиддојче цајтунг“, германската армија- Бундесверот треба да помогне со околу 170 војници и против-авионски проектили во обезбедувањето на турско-сириската граница.

https://p.dw.com/p/16kri
Фотографија: picture-alliance/dpa

Според информациите на весникот „Зиддојче цајтунг“, Бундесверот се наоѓа пред ангажман во рамките на НАТО на сириско-турската граница. Германија наскоро ќе премести во Турција противавионски одбранбени ракети со екипаж за нивно опслужување, известува весникот. Туција в понеделник ќе испрати официјална молба до НАТО, заради заштита на својата територија да стави на располагање ракетни системи од типот Патриот ПАЦ-3.

Според весникот, во рамките на оваа мисија на НАТО ќе бидат ангажирани до 170 германски војници. Владата врши проверки дали за тоа е потребен и мандат од Бундестагот. Колкав ќе биде вкупниот ангажман на Алијансата во Турција, не се познато.

Портпаролите на германската влада, на министерството за одбрана и на министерството за надворешни работи синоќа не сакаа да дадат изјави во врска со извештајот во венсикот „Зиддојче цајтунг“. Од владини кругови сепак се дознава дека се водат соодветни разговори во рамките на нАТО на каков начин да и‘ се помогне на Турција во случај на итна потреба. Во Алијансата постојат само три држави кои располагаат со Патриот-ракети од најновиот тип ПАЦ-3. Тоа се САД, Холандија и Германија. Со оваа намодерна верзија на ракети може да се дејствува како против авиони, така и против испалени ракети.