1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Ангелите на културите“ во Скопје

13 мај 2010

„Ангели на културите“ е уметнички проект за поврзување на трите града, годинешни „Европски престолнини на културата“- Есен, Печуј и Истанбул. Станува збор за тркало со симболи на христијанството, исламот и еврејството.

https://p.dw.com/p/NM7F
Тркалото „Ангели на културите“ во Сараево.Фотографија: DW

Караванот „Ангели на културите“ тргна на трети мај од Есен. Овој град и целата Рурска област во Германија годинава е една од трите „Европски престолнини на културата“, заедно со унгарскиот Печуј и турскиот Истанбул.

Абрахамов караван

Contentbanner Kulturhaupstadt 2010 Pecs, Istanbul, Essen
„Ангели на културите“ е уметнички проект кој ги поврзува „Европските престолнини на културата“ за 2010

Инаку „Ангели на културите“ е подвижна железна инсталација во форма на тркало со едноставно значење- тоа ја симболизира врската меѓу престолнините на културата, но истовремено го означува и заедништвото на културите и на трите големи религии- муслиманската, христијанската и еврејската. Имено тркалото со пречник од 1,5 метри и тежина од околу 100 килограми е украсено со анѓели на трите религии, со што се укажува на нивната сродност и поврзаност. Целиот проект се нарекува и „Абрахамов караван“ со оглед дека ликот на Абрахам односно Ибрахим е една од основните заеднички точки за сите три религии, односно сите го посочуваат него како свој втемелувач.

Во Скопје од четврток до сабота

Караванот кој тргна од Есен продолжи преку германскиот град Аугсбург до унгарскиот Печуј- втората престолнина на културата во Европа годинава. Од таму „Тркалото на културите“ на 7 мај започна да се тркала кон последната културна престолнина - Истанбул. На патот до таму караванот мина низ босанските градови Тузла и Сарајево, српскиот Краљево од каде замина за Скопје каде што ќе престокува од среда (12. 05.2010) до петок. Од македонскиот главен град „Ангелите на културата“ заминува преку Солун до турската метропола. По престојот во Истанбул „Абрахамовиот караван“, преку Софија, Белград, местото Дубица на хрватско- босанската граница, потоа Марибор и Аугсбург треба да се врати во Есен, од каде што и започна патот долг 7000 километри.

Автор: СН/ ЖА/ РЛ/дпа

Редактор: Жана Ацеска