1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Англија отпадна

22 ноември 2007

Од синоќа се познати сите репрезентации што се пласираа за финалниот турнир на Европското првенство во фудбал во идната година во организација на Австрија и Швајцарија. Кои други 14 национални екипи стигнаа до целта?

https://p.dw.com/p/CQIQ
Подолски синоќа како и другите: слабо и бледо против ВелсФотографија: AP

Како последни синоќа пласман обезбедија репрезентациите на Турција, Шведска, Русија и Португалија. Хрватска, која уште од минатото коло обезбеди пласман, синоќа на гости ја порази Англија со 3 спрема 2, пораз со кој Англичаните остануваат дома. Во истата група Русија ја победи Андора со 1 спрема 0, ја мина Англија на табелата и ќе патува на Европското првенство. Турција на домашен терен ја совлада Босна и Херцеговина со 1 спрема 0 и ќе учествува на првенството, исто како и Шведска која во последниот натрпевар ја победи екипата на Исланд со 2 спрема 1. Претходно, пласман веќе обезбедија репрезентациите на Германија, Италија, Франција, Полска, Холандија, Шпанија, Хрватска, Чешка, Романија и бранителот на титулата европски првак Грција. Германија синоќа го одигра последниот натпревар во оваа година. Во слаб и немотитивран настап против Велс, избраниците на Јоахим Лев на разочарување на публиката, постигнаа бледи 0 спрема 0. По натпреварот Лев изјави:

„Одигравме многу натпревари на кои постигнавме многу голови. Каде што има аплаузи, таму има и свирежи. Со тоа мора да се живее„.