1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Андреј Магдевски во Реал Мадрид

АМ/mvp.rs/макфакс13 јули 2013

Еден од најголемите таленти на македонската кошарка, Андреј Магдевски, од белградски Партизан ќе се пресели во редовите на славниот шпански клуб Реал Мадрид, објави специјализираниот кошаркарски портал mvp.rs.

https://p.dw.com/p/197Dc
Фотографија: Reuters

Според истиот извор, една од причините зошто Магдевски ќе го напушти Белград е тоа што тој како странец нема да може да настапува за „црно-белите“ во јуниорската лига на Србија.

Магдевски е роден 1990 година, висок 190 сантиметри и игра на плејмејкерската позиција. Него го карактеризираат како играч со брзи раце, со одличен преглед на играта и чувство за неа.

Медиумите оценуваат дека се работи за момче на кое многубројни експерти му предвидуваат одлична кариера. Минатата година младиот играч беше дел од кампот на Мајкл Џордан во Шарлота, каде се собираат најталентираните играчи на планетата.