1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Анкара не му вети на Гејтс ништо

Улрих Пик29 февруари 2008

Американскиот претседател, Џорџ Буш од владата во Анкара бара да ги повлече турските сили од Ирак најбргу што е можно. Ветување од страна на Анкара - нема.

https://p.dw.com/p/DFaG
Турски војник на границата со ИракФотографија: AP

Посетата на американскиот министер за одбрана, Роберт Гејтс на Турција заврши без конкретни резултати. Иако од неговиот турски колега, Вечди Ѓонул бараше брзо завршување на воените операции на Анкара во Северен Ирак, ветување дека така ќе биде и сторено – не доби. Турскиот премиер, Реџеп Таип Ердоан, изјави дека операцијата против ПКК ќе заврши тогаш кога ќе биде исполнета целта. Американскиот министер за одбрана бараше турската операција да заврши најбрзо што е можно, најдоцна за една до две недели. Одговорот на шефот на генералштабот на турската армија, Јашар Бујуканит, гласи: „Кусо време е релативен поим. Некогаш е тоа еден единствен ден, некогаш, меѓутоа, една година. Ние се бориме против тероризмот веќе 24 години и оваа борба ќе продолжи.“

САД имаат интерес од добри односи со Анкара, но со Курдите

Гостинот од Вашингтон претходно апелираше до неговите домаќини во борбата против ПКК да бараат и политички и социјални решенија. Иако Турција во нејзините напади врз ПКК добива логистичка поддршка од американската армија, што на прв поглед го прави голем просторот на Вашингтон за дејствување, на втор поглед се покажуваат голем број зависности на САД. Имено, иако американската министерка за надворешни работи, Кондолиза Рајс неодамна изјави дека Анкара и Вашингтон се борат против заеднички непријател, САД не сакаат да си ги расипат односите со автономната влада во Арбил, зашто Северен Ирак е единствениот регион во Ирак кој може да се опише како „во најголем дел мирен“, така што Вашингтон е упатен на добрата волја на тамошните Курди. Од друга страна, пак, односите со Анкара се не помалку важни. Преку турската воздушна база Инџирлик во Југоисточна Анатолија се снабдуваат американските војници во Ирак, така што евентуално затворање на оваа база би имало огромни последици за Вашингтон.