1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Анкета меѓу граѓаните по самитот на НАТО

Александар Чомовски 16 април 2008

Анкета во Македонија по самитот на НАТО во Букурешт: 60 проценти од граѓаните се за зачувување на уставното име, мнозинството граѓани се залагаат и да се продолжат преговорите со Грција.

https://p.dw.com/p/Dijh
Самитот на НАТО во БукурештФотографија: AP

Грчкото вето за влез на Македонија во НАТО ќе придонесе да се најде решение во спорот околу името, сметаат 62,26 проценти од Грците, според една телефонска анкета на грчкото радио Скај. 20,2 проценти од анкетираните сметаат пак дека ветото ќе ги влоши односите меѓу Грција и САД. Центарот за истражувања и креирање политики во Македонија пак исто така спроведе телефонска анкета за расположението на граѓаните по самитот во Букурешт.

Околу 60 проценти од Македонците се против промената на уставното име, а пред два месеци тој процент беше 83, а дури 95 насто беа против промена на името и по цена Македонија да не влезе во НАТО.

По самитот во Букурешт, се зголемува бројот на Македонците кои се приврзеници за компромис со Грција во спорот со името. Промените се драматични, дури 36 насто од анкетираните се за промена на името,ако е тоа услов да се стане членка на НАТО.

Уште еден податок е предупредување до раководството во Скопје- 78 проценти од анкетираните бараат да бидат продолжени преговорите со Грција.